Search

Вучиќ го моли Јокиќ да игра во Париз

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ верува дека фудбалската репрезентација ќе оди далеку на претстојното Европско првенство и дека српските спортисти, особено кошаркарите, ќе бидат успешни на Олимписките игри во Париз.

Вучиќ се надева дека најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ ќе му се стави на располагање на селекторот Светислав Пешиќ.

„Многу го сакам, многу го почитувам него и неговото семејство, ова е мојата молба до него, да го прифати повикот на селекторот. Да се надеваме дека тоа ќе се случи. Канаѓаните ќе бидат многу силни со Џамал Мари и Шеј Александер, а со Канаѓаните и Американците ќе биде многу тешко, но ако некој може да ги победи, тоа е само Србија“, изјави Вучиќ во интервју за државната телевизија.

Треба да знаете
Последни објави