Search

ВРЕДИ кон Ахмети: Историјата ја пишуваат победниците, а не поразените

Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија, велат од Коалицијата ВРЕДИ по говорот на Ахмети за 22-от роденден на Демократската Унија за Интеграции.

-Таа нова историја ќе ја пишува ВЛЕН како победници во чисто албанскиот политички кампус. Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши. Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција, велат од ВРЕДИ.

Според коалицијата, Ахмети требал да престане да си го руши и „тоа малку што остана од митот за неговиот лик и дело од 2001“.

-Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил да избере само 4 министерства кои би му ги дал на целиот Европски фронт без собраниски спикер, за да влезат во неговата Влада наместо ВЛЕН? Да видиме кои се тие кои без срам и перде коленичат да влезат во Влада токму со оние кои во кампањата ги обвинија дека работат за Путин и Русија? Искрено сметаме дека Али Ахмети треба да престане да си го руши и тоа малку што остана од митот за неговиот лик и дело од 2001, после аферите со “Соравија” и казино бизнисите. Недозволиво е еден човек кој пред 25 години се борел за правата на Албанците, сега да предизвикува омраза меѓу Албанците само за да обезбеди амнестија за своите корумпирани функционери, велат оттаму.

Според ВРЕДИ, ДУИ треба да се реформира и да се прилагоди на 21 век, па да ги чекаат следните избори.

Треба да знаете
Последни објави