Во неготинско пронајдено мртво тело на маж во фаза на распаѓање

Тело на 68-годишен маж е пронајдено во неготинското село Буковче. Телото кое било пронајдено под стреата во делот од дворот на куќата каде живеел мажот било во фаза на распаѓање.

Го пронашол сосед кој забележал дека го нема последните денови, па дошол кај него дома да провери дали е се во ред со несреќниот човек. Мажот живеел сам во куќата. Според последните информации, исклучена е можноста смртта да е последица на кривично дело.

Извор: 4News

Треба да знаете
Последни објави