Search

Гаши: Ахмети прв го прекрши „Mајскиот договор“, тој никогаш не бил дел од Уставот и Рамковниот договор

Мајскиот договор никогаш не бил дел од Уставот, ниту од Рамковниот договор, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, ова владеачко мнозинство е легитимно.

„Можеби Ахмети заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши.

Треба да знаете
Последни објави