По направен претрес во Скопје, приведени се двајца дилери

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска ги лишиле од слобода Ј.Ј.(22) и Д.Д.(47), двајцата од Скопје. По  претходно добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом во Скопје, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави