Search

Чупеска: Нема никакво фајде од егзибиции од типот “СДСМ се криви ВМРО што се на власт”.

„Никако човек не може да се воздржи од коментар, па и два, за социјалдемократите, поточно за нивната иднина непосредно, а посредно и за состојбата со демократијата во земјата. После онаков драматичен нок даун,“ вели универзитетската професорка Ана Чупеска за „Либертас“.

Според Чупеска, клучно е да не се влезе во анализи од позиција на blame games, или како што вели Поповски, бесмислено е да се пука на мртов Германец.

„Значи, воопшто нема никакво фајде од егзибиции од типот “СДСМ се криви ВМРО што се на власт”. Исто како што нема фајде ни од разулавени и изгубени по фејсбукот исповеди од партиски членови, па и препирки, за тоа кој каков бил, кој што направил, кој е крив, кој е прав или можеби е нездрав. Мислам дека малку е неупатна и бесмислена таа сокачарска расправа,“ посочува Чупеска.
Чупеска упатува на три важни работи. Прво, расправата да се насочи кон конкретни методи и солидна сила во правец да се спречи понатамошното кооптирање кон победничкиот естаблишмент. Второ, СДСМ да се ситуира повторно низ потребата од идејно угнездување и анимирање на оние кои не се членови, а сепак се прогресивни по убедување. Што подразбира изградба на идејна и вредносна коалиција меѓу овие две структури. И трето, вредноста на мултикултурата која беше prima sticky материјa, ќе мора одново да се утаби на новите шини, односно да се втисне, пломбира. И ова е од особена вредност сега кога условите се вистински предизвикувачки за ваков идеен come back на мултикултурата, вели Чупеска, заради тоа што политичката понуда го понуди етнонационализмот на најјако и се покажа, имено, воедно и како најпрофитабилната платформа во гласови.

„Но, сепак, оригиналната позиција не би смеела да се напушти. Зошто, ако се тргне натаму, во такви некои националистички реформски зафати, освен што самата социо-демократска идеја ќе биде доведена во прашање, последичниот одиум исто така ќе ја соочи со перфектно слаб перформанс, прво како да е нешто неприродно, и второ, ќе биде тоа најслабиот етно-националистички политички субјект соочен со докажани наци-габарити од секаков победнички вид.Оттука, нужна е мислам една старо-нова мултикултурална артикулација, изведена по свежа метода и низ нови внатрепартиски процедури. Оригинални и уникатни,“ истакнува Чупеска.

Во однос на внатрепартиските состојби, Чупеска посочува дека тие добиваат чудни димензии и изразува убедување дека важно е во СДСМ да се осигура дека ќе има баланс меѓу континуитетот (на пр. преку заседание на првенците и наследниците) и дисконтинуитетот (новото СДСМ).
Чупеска потенцира дека СДСМ, исто така ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот. Притоа важност ана тоа ја гледа во една многу проста демократска причина, дека секоја демократија, па и на нашата, неопходна и е здрава, пргава, и силна опозицијата. Во спротивно полесно постанува автократија.

Треба да знаете
Последни објави