Search

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала во близина на Крф

Умерен земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Грција, западно од островот Крф, јавуваат грчките медиуми.

Земјотресот е регистриран во 6:29 часот по локално време, на 34 километри од островот Отони во Јонското Море, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,8 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави