(Видео) По силни турбуленции за време на лет патник починал во авионот кој принудно слетал во Тајланд

Сингапур ерлајнс за инцидентот кога авионот со 211 патници доживеал силни турбуленции и принудно слетал во Тајланд, објави дека на летот починал 73-годишен маж од Велика Британија и изјавиле дека причината најверојатно е срцев напад. Во овој инцидент биле повредени повеќе од 20 луѓе, а сега се појавија и видео снимки од леталото за време на турбуленциите. На социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појави видео на кое се гледа како се тресе во авионот, а неколку секунди подоцна авионот буквално „пропаѓа“ што резултира со паѓање храна и работи од кабината. Во тој момент еден човек од силината на турбуленциите буквално ја удира главата во таванот. Еден од патниците рече дека авионот доживеал „драматичен пад“, што значи дека луѓето кои не носеле појаси „летале кон таванот“. Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на таванот на кабината, како и храна, прибор за јадење и други остатоци расфрлани по подот по инцидентот. „Летот SK321 на Сингапур ерлајнс, кој патуваше од Лондон Хитроу за Сингапур на 20 мај, наиде на сериозни турбуленции на пат. Можеме да потврдиме дека во авионот има повредени и една жртва. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот. Нашиот приоритет е да им обезбедиме секаква можна помош на сите патници и членови на екипажот.“

Треба да знаете
Последни објави