Search

Индија повеќе од двојно ја зголеми увозот на дијаманти од Русија

Во март, Индија повеќе од двојно го зголемила годишното купување на дијаманти од Русија, покажуваат податоците на индиското Министерство за индустрија и трговија.

Во март, индискиот увоз на дијаманти од Русија се зголеми за 2,3 пати на годишно ниво – на 728 илјади карати.

Истовремено, Индија го зголеми увозот на скапоцени камења од Канада – на 354 илјади карати во споредба со само 210 карати во март минатата година. Скокна и увозот на дијаманти од Кина – 2,6 пати, на 122 илјади карати, додека испораките од Хонг Конг се зголемени за 15 отсто.

На 1 март, западните земји почнаа постепено да го ограничуваат увозот на руски дијаманти преработени во трети земји. Потоа, голем број западни медиуми објавија писмо испратено од бизнисмени вклучени во трговијата со дијаманти до Меѓународниот центар за дијаманти во Антверпен. Во него тие ги истакнаа долгите и скапи одложувања со кои веќе се соочуваат, како и негативното влијание на ограничувањата врз целото нивно работење и повикаа на преиспитување на новите процедури „поради заканата од нарушување на повќевековната трговија со дијаманти во Антверпен“.

Како одговор, регулаторот призна дека санкциите доведоа до прекин на испораките од најголемиот светски центар за трговија со дијаманти во белгиски Антверпен поради новите барања за царински декларации на скапоцени камења.

Треба да знаете
Последни објави