Карпите на Кипар се со ист состав како и планетата Меркур

Меркур отсекогаш бил предмет на фасцинација и мистерија. Неговата близина до Сонцето и екстремните температури го прават уникатен, но неодамнешното истражување откри уште една изненадувачка карактеристика – геолошка сличност со карпите на островот Кипар.

Од неговото „апсурдно“ јадро до збунувачкиот хемиски состав на неговата површина, Меркур е полн со изненадувања – особено кога станува збор за потеклото на планетата.

Она што го знаеме за Меркур е дека тоа е планета на крајности – најмалата во нашиот Сончев систем и најблиску до Сонцето, чија температура на површината може да варира од 400 Целзиусови степени во текот на денот до минус 170 степени Целзиусови во текот на ноќта.

На Меркур, една година трае само 88 земјини денови, а постојат мислења дека некогаш имала многу поголема маса и била приближно голема колку Земјата.

Сега некои планетарни геолози веруваат дека можеби ќе откријат повеќе одговори за мистериозната планета – во карпите од Кипар, пишува Би-Би-Си.

Научниците открија дека карпите на Кипар, особено еден вид вулканска карпа позната како бонинит, имаат сличен хемиски состав со одредени карпи на Меркур. Ова откритие е значајно бидејќи бонините на Земјата се формираат под многу специфични услови, вклучувајќи високи температури и притисок, што сугерира дека слични услови можеби постоеле на Меркур во одреден момент од неговото геолошко минато.

Кипар – островот на боговите и геолошките чуда, како што многумина го нарекуваат поради митолошките врски со божицата Афродита, исто така е дом на необични геолошки формации. Базалтните карпи и бонинити пронајдени на Кипар даваат увид во вулканската активност што го обликувала островот, но и во процесите кои можеби биле присутни на Меркур.

Оваа геолошка сличност меѓу Меркур и Кипар отвора нови врати за разбирање на формирањето на планетите во нашиот Сончев систем. Научниците сега можат да користат карпи од Кипар како аналогија за карпите на Меркур, што ќе им овозможи подобро да ги разберат условите под кои Меркур се формирал и еволуирал.

Треба да знаете
Последни објави