НАТО Младински самит 2024 „Обликување на вашето утре“ 

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг денеска ќе учествува на НАТО Младинскиот самит 2024, кој е насловен „Обликување на вашето утре“.

Организатор на Самитот, што ќе се одржи во комбиниран формат – онлајн и во живо во Стокхолм и во Мајами, е НАТО во соработка со Институтот „Аспен“, неговата подружница во Романија, Шведскиот универзитет за одбранбени студии и Шведската агенција за цивилни вонредни состојби.

Предвидено е на форумот да учествуваат младински лидери од земјите членки на НАТО и од државите партнери на Алијансата, кои ќе разговараат за глобалните безбедносни прашања и за улогата на Северноатлантскиот пакт во нивното решавање.

Предвидено е Столтенберг онлајн да се обрати на Самитот во попладневните часови, по што ќе уследи панел дебата со учесниците на собирот. 

Треба да знаете
Последни објави