Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.

Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков – вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на триесет километри од руската граница.

„Непријателот моментно постигнува тактички успеси“, објави украинскиот Генералштаб.

По освојувањето неколку села во областа Харков, во моментот се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на пет километри од руската граница, пишува ДПА.

Украина тврди дека Русија бележи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа многубројни сили во Вовчанск кон кој се движат пет баталјони. Русија веќе го окупира Вовчанск на почетокот на војната.

Русија почна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави