Македонија ја победи репрезентацијата на Фарски Острови и обезбеди учество на Светското првенство во ракомет

Македонските ракометари ја стопија предноста на Фарски Острови од првиот меч кој го загубија со седум голови разлика и со денешната победа успеаа да се пласираат на Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонските ракометари со 34-26 ги победија Фарски Острови, со што обезбедија билет за претстојното светско првенство кое ќе се одржи следната година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашата селекција успеа да ја анулира предноста која Фараните ја имаа од првиот натпревар кој се одигра пред неколку дена на кој тие славеа со резултат 34-27. Натпреварот беше ефикасен на двете страни од теренот, па на крајот на првиот дел, Македонија замина со предност од четири погодоци.

Нашата селекција го продолжи континуитетот кога станува збор за настапи на големите натпреварувања, квалификувајќи се на сите европски и светски првенства од 2012 година па наваму

Треба да знаете
Последни објави