Search

Негодувања па овации за настапот на израелската претставничка Голан во Малме

Вечерва во Малме се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Настапија 16 земји, а во финалето кое е закажано за 11 мај, пласман обезбедија 10 според гласовите од публиката претставниците на: Летонија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија. Најголемо внимание предизвика настапот на претставничката на Израел, Еден Голан, која се претстави со песна наречена „Ураган“. Нејзиното појавување на сцената беше дочекано со негодување од публиката, која потоа уживаше во изведбата и ја испрати со овации и аплаузи.
Голан е родена во Кфар Саба, Израел во 2003 година. Мајка и е од Украина, а татко и од Летонија. На шестгодишна возраст со семејството се преселила во Москва поради работата на татко и и таму живееле 12 години.
Првиот настап го имаше на рускиот детски Евросонг во 2015 година, а потоа кариерата ја продолжи со учество на вториот детски натпревар во Израел.
Освен што е талентирана пејачка, таа е и текстописец, композитор и танчерка.
Со музика почнала да се занимава кога имала девет години, а две години била главен вокал на женски бенд.

Треба да знаете
Последни објави