Search

Пронајдено телото и на жената која со децата скокна во реката Бојана во Скадар

Пронајдено е телото на Алма Араз (39), која пред неколку дена со трите деца скокна во реката Бојана во албанскиот град Скадар, јавија локалните медиуми.

Претходно беше пронајдено телото на нејзиниот четиригодишен син, додека телото на нејзината осумгодишна ќерка беше пронајдено во понеделникот.

Трагедијата стана позната кога рибар во саботата го пронашол телото на најстарото девојче (9), оттогаш потрагата е во тек.

Се верува дека жена со деца извршила самоубиство поради насилството кое го трпела од нејзиниот сопруг, пренесуваат медиумите.

Алма исчезнала со децата на 2 мај, а нејзиниот сопруг Ергис ја пријавил за исчезната дури на 3 мај. Утредента е уапсен под сомнение дека извршил кривични дела семејно насилство и поттикнување на самоубиство.

Тој денеска е спроведен во обвинителството и се чека решение за притвор.

Треба да знаете
Последни објави