Search

Ванковска објави дека нема да гласа за Силјановска Давкова, обвини дека е под постојан притисок од ВМРО – ДПМНЕ

Професорката Билјана Ванковска која беше и кандидат за претседател од Левица објави дека нема да гласа за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-Од мигот кога се појавив како потенцијален кандидат за претседателските избори, па до денес, сум под постојан брутален притисок од „најголемата“ опозициска партија и нејзините кучиња и мегафони. Бараат од мене најбезобразно да ги дадам гласовите кои вие сте ми ги дале мене (дури и уште пред да ги добијам)! Бараат јавно да гласам. Па, еве штом инсистираат, пред молкот, да им кажам зошто нема да гласам, објави таа на Фејсбук.

Таа очекувала Силјановска да се извини за навредите на Мицкоски кој ја нарече измеќарка.

-Ќе го тргнам настрана фактот што Мицкоски почна со навреди за измеќарка (без никаков повод). Очекував од Силјановска да ми се извини во негово име, но таа молчеше. Нештата станаа појасни кога пред ТВ камери кажа да не очекуваме од неа јавно да му се спротивставува на Мицкоски. Значи, очекувајте меден месец на владата и претседателката ако успее операцијата. Сите што не се за нив, се најголеми непријатели.

Јас би ги излажала сите 40-тина илјади гласачи кога сега би ги повикала да гласаат за помалото зло. Би си поплукала на себе и на својата програма, пишува Ванковска во дел од објавата на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави