Search

Ѓумбирот и јаболковиот оцет ги елиминираат стомачните проблеми

Речиси сите од нас понекогаш имаат стомачни проблеми. Иако многу луѓе во овој случај прибегнуваат кон лекови, понекогаш природните опции се исто така добри и можат да ја намалат нашата непријатност.

Имено, доколку имате проблеми со стомакот, земете корен од ѓумбир, долг 2,5 до 5 сантиметри, 1 до 2 чаши вода, мед (по избор). Измијте, излупете го и изрендајте или ситно исечкајте го коренот од ѓумбир. Во меѓувреме, ставете вода на шпоретот и додадете го ѓумбиот. Гответе околу 3 минути, а потоа оставете да се крчка уште 2 минути. Се трга од оган, се цеди и по желба се додава мед.

Овој напиток пијте го полека, голтка по голтка.

Друга опција е јаболков оцет кој исто така ќе помогне. Широко се користи како антисептик, но може да помогне и при дигестивни проблеми, бидејќи помага во апсорпцијата на хранливите материи и ја ублажува стомачната болка.

Ставете неколку лажички во чаша ладна или топла вода. За да ги апсорбирате хранливите материи, пијте го овој напиток пред оброците. Но, користете само јаболков оцет, не било кој друг вид.

Треба да знаете
Последни објави