Search

Цивилна одбрана во Газа: Речиси 400 тела пронајдени во масовна гробница во болница

Властите во Газа го завршија пребарувањето на масовните гробници во болница во јужниот дел на Појасот и објавија дека откопале 392 тела. Претставник на палестинската цивилна одбрана во Газа вчера изјави дека се идентификувани 165 тела закопани во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис по повлекувањето на израелските сили.

„Идентитетот на преостанатите 227 тела допрва треба да се утврди. Најдовме три масовни гробници, првата пред мртовечницата, втората зад мртовечницата и третата северно од зградата за дијализа“, рече Мохамед Ал Мигајер. Израелските одбранбени сили (ИДФ) негираат дека нивните војници ставале тела во масовни гробници и тврди дека гробниците во комплексот Насер биле ископани од Палестинци во Газа пред неколку месеци.

Цивилната одбрана на Газа признава дека околу 100 луѓе биле закопани во областа на болницата. Репортерот на Си-Ен-Ен кој ја посети областа во неделата наведува дека во јануари, како дел од привремена мерка, мештаните ги закопале телата на убиените членови на семејствата во болницата бидејќи немало безбеден пристап до гробиштата.

Кога се вратиле по израелското повлекување, откриле дека телата биле ексхумирани, веројатно за да може ИДФ да користи ДНК анализа за да утврди дали меѓу нив има заложници. Телата потоа беа ставени во најмалку една масовна гробница. Новинар на Си-Ен-Ен видел неколку распаднати тела во болнички наметки. Фотографиите прегледани од Си-Ен-Ен покажуваат дека телата се уште носат болнички нараквици.

Ал Мигајер наведува дека цивилната одбрана пронашла тела на деца во масовни гробници, што докажува дека се работи за геноцид. Палестинските власти веруваат дека најмалку 20 цивили се живи закопани, но не соопштуваат детали. Ал Мигајер тврди дека некои болнички пациенти биле и егзекутирани и дека на нивните тела биле пронајдени прострелни рани во главата.

ИДФ сподели врска на X до објава на нејзиниот меѓународен портпарол, Надав Шошани, кој коментираше видео на кое Палестинците ископуваат масовна гробница.

„Циркулираат дезинформации во врска со масовната гробница во болницата Насер. Гробниците беа ископани во Газа пред неколку месеци. Тоа го потврдуваат и снимките што тогаш ги објавија жителите на Газа на социјалните мрежи“, напиша Надав Шошани меѓународен портпарол а ИДФ на Х, кој коментираше видео на кое Палестинците ископуваат масовна гробницаШошани.

„Секој обид да се обвини Израел за закопување цивили во масовни гробници е лага. Тоа е пример за кампања за дезинформации чија цел е делегитимирање на Израел“, додаде тој. ИДФ соопшти дека извадила десетици тела од Газа за ДНК тестови во Израел, а потоа ги ставила останките во контејнери.

„Некои беа врзани“
„Чувствуваме потреба да алармираме бидејќи се откриени повеќе тела“, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Таа ги опиша телата „закопани длабоко во земјата и покриени со ѓубре“, додавајќи дека „меѓу загинатите наводно има постари, жени и ранети“, вклучително и некои кои биле врзани и без облека.

Лекарите кои работат за Лекари без граници велат дека израелските сили ја нападнале болницата Насер кон крајот на јануари, пред да се повлечат еден месец подоцна, оставајќи ја установата неспособна да функционира.

Треба да знаете
Последни објави