Search

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Крокус во Москва

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на центарот Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за Тасс портпаролот на полицијата.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Треба да знаете
Последни објави