Search

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа

Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.

Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација.

Изворите наведоа дека и Египет покренал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во близина на египетската граница.

За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите

Треба да знаете
Последни објави