Search

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев.

Треба да знаете
Последни објави