Search

Санчез до понеделник ќе размислува дали да остане шпански премиер

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека пет дена ќе се повлече од јавноста за да размисли дали да остане премиер, откако судот во Мадрид отвори истрага против неговата сопруга под обвинение за корупција.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријави 59-годишната Бегоња Гомез пред судот во Мадрид дека, како сопруга на премиерот, дала писма со препораки со нејзин потпис на претприемачите кои се пријавиле на јавни тендери.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес добила десет милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија.

Претприемачот подоцна основал постдипломски курс кој го води Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, објави шпанската телевизија ТВЕ.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со компанијата “Глобалија“ (Globalia), која беше спонзор на тинк-тенкот „Africa Center del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез.

Шпанската влада употреби 600 милиони евра народни пари за да ја спаси авиокомпанијата „Ер Европа“, која е во сопственост на Глобалија.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Треба да знаете
Последни објави