Search

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Државната изборна комисија (ДИК) на попкладневната прес-конференција ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори, според кои во вториот круг на 8 мај довербата од граѓаните ќе ја бараат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател поддржана од СДСМ, Стево Пендаровски со 180.500 гласови. Обработени се гласовите од 3.505 од 3.508 гласачки места. На трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато поради технички проблеми нема да се повторува, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот редослед на седумината кандидати кои се најдоа во првиот круг. ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува. Од Државната изборна комисија посочија и дека во моментов течат роковите од 48 часа за приговори од учесниците во првиот изборен круг.

Треба да знаете
Последни објави