Search

Кузеска: Уверени сме дека граѓаните и денес и на 8 мај ја поддржуваат европската иднина за Македонија

„Сакаме да изразиме благодарнсот до сите граѓани кои го дадоа својот глас. Правото на слободно одлучување и глас е највредна придобивка на демократијата, а гласањето е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и иднината на државата“ рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ на прес-конференција.

Таа додаде дека во нејзината партија се уверени дека граѓаните и денес и на 8 мај ја поддржуваат европската иднина за Македонија, во која Македониај е дел од европското семејство и горда членка на ЕУ.

„И при самата кампања повикувавме на масовност. Сите кои имаат право да гласаат, да го остварат и да одлучуваат за иднината на граѓаните и државата“ рече Кузеска.

Портпаролката на СДСМ додаде дека информации за резултатите од изборите ќе следуваат подоцна, но повтори дека претседателските избори имаат два круга.

Треба да знаете
Последни објави