Search

Започнете го денот со сок од коприва: Рецепт за пијалок полн со железо

Ова се идеални денови за правење вкусен, освежителен, домашен сок од растенија кои се достапни на секој чекор, а меѓу нив посебно место заземаат копривите. Копривите растат речиси насекаде, но доколку ги берете, погрижете се тоа да го направите што подалеку од загадените области.
Најважното нешто што треба да се напомене е дека копривата содржи исклучително големи количини на железо, што ја прави совршен сојузник против анемија.

Освен со железо, копривата е богата со минерали како калциум, магнезиум, фосфор и силициум.

Најбогата е со витамин Ц, но витаминот Ц најмногу се губи при преработката, а копривата во свежа форма е речиси невозможна за консумирање, особено кога се споменува потенцијалниот проблем со дигестивниот систем што може да го предизвика земањето свежа коприва.

Има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката и го запира крварењето. Витамините А, Б2, Б5 и К, во комбинација со каротин, лецитин и бројни амино киселини, протеини и јаглехидрати ја прават копривата одлично растение за многу здравствени проблеми.

Со забрзување на излачувањето на течностите од телото, влијае на регулирање на крвниот притисок, ја стимулира работата на црниот дроб и панкреасот, помага при орални инфекции, како и болести како егзема, акни и опаѓање на косата.

Покрај тоа, помага при несоница и нервоза.

Состојки:

40 млади врвови од коприва

1 кг лимон

4 литри вода

шеќер по вкус

Подготовка:

Собраната коприва добро измијте ја во ладна вода неколку пати. Сомелете ја што е можно поситно во блендер и оставете да отстои во сад.

Лимонот убаво измијте го со кора, исечете го на четвртинки и измешајте го во блендер.
Измешајте сечкана коприва и лимон, покријте со вода, додадете лимонтус и добро измешајте.

Покријте ја смесата со крпа и оставете ја да отстои 24 часа. Потоа процедете ги копривите и лимонот и додадете шеќер по вкус. Оставете да отстои, повремено мешајќи. Откако ќе се раствори шеќерот, можете да го направите сокот.

Користете го сокот во стаклено шише во фрижидер седум дена или замрзнете го во пластични тегли во замрзнувачот.

Треба да знаете
Последни објави