Search

Се што треба да знаете ако утре гласате за прв пат во својот живот

Утре се одржуваат редовните претседателски избори.

Над 1,8 милиони граѓани имаат право на глас, а меѓу нив десетици илјади млади луѓе со наврешени 18 години за прв пат ќе се упатат кон изборачките места. 

Ако гласате за прв пат постојат неколку работи што треба да ги знаете.

Како да дознаете каде треба да гласате?

Ако сте на иста адреса со вашите родители вие гласате на исто избирачко места како и тие. Доколку сепак не живеете на иста адреса или во перидот меѓу два изборни циклуси сте ја смениле адресатата тогаш на многу едноставен начин можете да проверите каде се наоѓа вашето избирачко место. 

Се што треба да направите е да ја посетите веб страницата избирачки список и со внесување на вашиот единствен матичен број за неколку секунди ќе добиете информација каде се наоѓа вашето избирачко место (најчесто е тоа основно или средно училиште).

Колку време имате за гласање и како се одвива целиот чин?

Избирачките места се отворени 12 часа, од 7 часот наутро па се до 19 часот без време за паузи (освен во непредвидени ситуации).

Чинот на гласање не трае повеќе од десеттина минути. По влезот во просторијата прво ќе треба да приложите документ за идентификација како лична карта или пасош (не можете да гласате со возачка дозвола, здравствена легитимација или месечна карта од јавен превоз)

Потоа следи проверка на вашиот отпечаток на прстот, по што се потпишувате во избирачкиот список веднаш до вашето име и презиме. 

Откако сето ќе помине, членот на избирачкиот одбор ви доделува гласачко ливче со кое се упатуваме зад параванот за гласање.

Зад параванот морате да бидете сами и тука имате време колку сакате додека не се решите кој број да го заокружите, додека сте зад параванот и во просторијата ниту вие ниту кој било друг не смее гласно да агитира за тоа за кого да се гласа или да не се гласа. 

Откако ќе го заокружите бројот, гласачкото ливче го превиткувате и така превиткано го оставате во гласачката кутија.

Откако ќе завршите, си го земате назад вашиот документ за идентификација и си заминувате од избирачкото место. 

Првичните резултати од гласањето ќе бидат познати неколку часа по затворањето на избирачките места.

Двајцата кандидати со најмногу освоени гласови продолжуваат во вториот круг на претседателските избори кој ќе се одржи за две недели, односно во случајов, на осми мај, ден кога ќе се одржат и парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави