Search

Одобрена визна либерализација за Србите од Косово

Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ претходно овој месец се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измени на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува и визна либерализација на имателите на овие пасоши.

Србите од Косово, кои имаат пасоши издадени од Управата за координација, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откако за граѓаните на Косово визите беа укинати од 1 јануари 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави