Search

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена и подобрување на состојбите во Македонија

„Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во сите сегменти на општеството. Од ова, нема откажување!”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Студеничани.

Ковачевски нагласи дека се наоѓаме на прагот на еден историски подвиг – Македонија – земја членка на ЕУ!

„Поминавме многу време во чекалната. Време е за Европска Македонија”, истакна Ковачевски, додавајќи дека ДПМНЕ има план кој не е план, ветер во магла.

„Христијан Мицковски е новиот Никола Груевски. Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ.  Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ. Исто како неговиот ментор и тој ќе ги обвинува различните групи на граѓани во нашето општество, па потоа ќе ги обвинува соседите и на крај ќе ја обвини и самата ЕУ за неговите неуспеси”, рече Ковачевски.

„Исто како Груевски и Мицковски ќе ни изгуби уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци. Време кое едноставно, веќе го немаме за губење”, рече Ковачевски, додавајќи дека одлуката на овие избори е многу едноставна.

„Изборот утре и на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Студеничани.

Треба да знаете
Последни објави