Search

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Минатиот петок во Москва се одржа голем ММА настан во организација на HFC (Hard Fighting Championship). Сепак, борбата меѓу Иранецот Али Хебаити и Ерменецот Аркади Осипјан имаше многу необична увертира, и речиси многу катастрофална завршница. Резимето е дека Хебаити доби многу ќотек како и доживотна суспензија од наведената организација.

Се започна кога една од девојките кои ги најавуваа рундите, по име Марија, влезе во рингот пред почетокот на натпреварот. Таа изведе мала кореографија која не му се допадна на иранскиот борец. Во моментот кога таа минувала покрај него, тој ја удрил со нога во задникот, за што бил опомен од главниот судија на дуелот.

Хебаити не се покажа одличен во дебито во ММА, па противникот го совлада со технички нокаут по четири минути и 25 секунди. Но, лудилото на иранскиот борец таму само што започна. Пред прогласувањето на победникот, тој неколку пати го нападнал Осипјан одзади и му задал неколку удари додека овој не гледал.

После тоа, тој одржа кратко интервју во кафезот, а во еден момент упати висок удар кон еден од коментаторите на натпреварот. За среќа, не успеа да го удри.

Ништо од ова не помина добро кај публиката и повеќе луѓе го нападнаа додека одеше кон соблекувалната. Се чинеше дека борбата ќе ескалира, но на крајот Хебаити беше добро.

После се и се извини на Марија на социјалните мрежи. “Не се однесував добро со Марија. Причината е што пред борбата имаше неколку борби, бев многу напнат и сакав само да почне борбата. Сакам јавно да и се извинам. Оженет сум и ги ценам жените. Таа само си ја вршеше работата, а по тепачката не ја признав веднаш грешката бидејќи ме удрија во глава“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави