Search

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина

Кошаркарите на Денвер го искористија домашниот терен во разигрувањето против ЛА лејкерс (101:99) и поведоа со 2:0. На теренот доминираше српскиот интернационалец Никола Јокиќ со нов трипл-дабл од 27 поени, 20 скока и 10 асистенции, а на трибините неговите браќа. Браќата на Никола, Страхиња и Немања по вербална расправија физички нападнаа навивач. Челните лица на НБА лигата поведоа истрага за инцидентот. Ова не е првпат браќата на двократниот МВП играч и кандидат за хет-трик Никола да предизвикаат инциденти на трибините, но се чини дека сега границата е мината и јавноста бара суспензија за присуство на мечевите.  Доколку НБА лигата донесе ваква одлука, браќата на Јокиќ би можеле да добијат забрана за посета на сите мечеви до крајот на сезоната, иако многумина сметаат дека шансите за такво нешто се премногу мали.

Треба да знаете
Последни објави