Search

Договорот од Охрид станаа составен дел од преговарачкиот процес за членство на Србија во ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) усвоија измени и дополнувања на поглавјето 35 во пристапните преговори на Србија со ЕУ кои се однесуваат на обврските на Србија што произлегуваат од договорот кој беше постигнат лани во Брисел и во Охрид. Станува збор за формална потврда на измените кои државите членки ги усвоија на ниво на амбасадори на 15 април, со што тие и официјално станаа составен дел од преговарачкиот процес за членство на Србија во ЕУ. „Србија треба во целост да ги примени своите обврски кои произлегуваат од договорот на патот кон нормализација со Косово, во склад со анексот за имплементација договорен на 18 март“, пренесуваат медиумите во Србија, кои се повикуваат и на изјава од Петер Стано, портпарол на ЕК. „Двете страни прифатија дека нивните соодветни обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација ќе станат составен дел од нивните патишта кон европска интеграција. Анексот за имплементација склучен во март 2023 година во Охрид, исто така, ја одразува оваа заложба на страните“, пренесоа белградските медиуми изјава на Стано. Тоа практично значи дека Србија мора да прифати Косово да стане член на Обединетите Нации (ОН), што и сега претсатвува официјално барање на Брисел за натамошен пат на Србија кон ЕУ, пишува Новости.

Треба да знаете
Последни објави