Search

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Виница физички нападнале граѓанин со едногодишниот син

Активисти на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во „Ромско маало“ во Виница физички нападнале еден граѓанин кој бил заедно со неговите малолетни деца.

Како што дознава 24инфо.мк денеска откако граѓанин незадоволен од работата на градоначалникот на Виница изразил незадоволство кон активистите кои делеле промотивен материјал, истиот бил вербално а потоа и физички нападнат од двајца активисти.

Еден од активистите кој бил дел од групата, му упатил заканувачки зборови неговиот живот и дека нема да може слободно да се движи во Виница, додека второто лице кое исто било дел од групата, му го земал мобилниот телефон на нападнатиот, бидејќи сакал да го пријави настанот во полиција, му нанел гребнатина на вратот и го турнал на земја заедно со едногодишниот син кој го држел во рацете.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави