Search

Ѓоковиќ ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата и на тој начин продолжи да го зголемува сопствениот рекорд. Овој понеделник Ѓоковиќ на контото има 9.990, 45 помалку од минатата недела или 1.330 повеќе од второпласираниот Италијанец Јаник Синер.

Немаше промени меѓу првите десет во светот, па зад водечкото дуо се Шпанецот Карлос Алкарас (8.145), Русинот Данил Медведев (7.085), Германецот Александар Зверев (5.425), Норвежанецот Каспер Руд (4.480), Гркот Стефанос Циципас ( 4.030), Русинот Андреј Рубљев (3.830), Полјакот Хуберт Хуркач (3.675) и Бугаринот Григор Димитров (3.640).

Треба да знаете
Последни објави