Search

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ по петти пат е добитник на признанието Лауреус кое се доделува за спортист со навредни постигнувања во изминатата година. Со новото признание Ѓоковиќ се израмни со Рожер Федерер кој досега беше единствен спортист кој можеше да се пофали со освоени пет одликувања Лауреус. Конкуренти на Ѓоковиќ за последното признание му беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лионел Меси, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајс, актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен. Признанието на Ѓоковиќ му беше доделено вечерва во Палатата на телекомуникации во Мадрид. Наградата на Ѓоковиќ му ја предаде поранешниот НФЛ играч Том Брејди  со кого синоќа во живо го проследија мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона. . Ѓоковиќ во 2023 година играше на 12 турнири, освои три од четирите сезонски гренд-слем турнири и вкупно седум пехари на осум финални настапи. Загуби едно финале, од Карлос Алкараз на Вимблдон. Годината ја заврши како првопласиран на АТП листата.

Наградата во женска конкуренција ја доби фудбалерката на Барселона и репрезентативка на Шпанија, Ајтана Бонмати која со својата репрезентација го освои Светското првенство, но и „Златната топка“ за 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави