Search

Фосил на огромен древен рептил пронајден во Британија, подолг е од два автобуси

Научниците ги проучувале неодамнешните фосилни наоди и откриле дека тоа е веројатно најголемиот морски рептил што некогаш ги препливал океаните. Станува збор за суштество подолго од два автобуси кои живеело пред 202 милиони години, кога постоеле и диносаурусите. Неговата фосилизирана вилица беше пронајдена во 2016 година од ловец на фосили на плажа во Сомерсет, Велика Британија.

Во 2020 година, татко и ќерка пронајдоа друга слична вилица во истата област. Експертите велат дека фосилите потекнуваат од два џиновски влекачи ихтиосаурус, кои би можеле да бидат долги 25 метри. Ихтиосаурот е изумрен рептил сличен на риба од родот Ichthyosauria. Наликуваше на модерен делфин.

„Врз основа на големините на вилиците, од кои едната е долга повеќе од еден метар, а другата два метри, можеме да заклучиме дека целото животно може да биде долго околу 25 метри, приближно исто како и синиот кит“, вели палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот во Бристол, а пренесува Би-Би-Си.

„Но, потребни се дополнителни откритија, како комплетен череп и скелет, за да се потврди точната големина на суштеството. Џиновскиот ихтиосаур изумре во масовно исчезнување, а ихтиосаурусите кои живееле подоцна никогаш не ја достигнале таа големина“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави