Search

Спасовски: На 24ти започнува победата на европска Македонија!

На 24ти април го одредуваме патот кон кој ќе се движи нашата земја – нашиот претседател Стево е гарант за европската иднина на Македонија!

Човек кој ги застапува највисоките европски и демократски стандарди, ангажиран за заедничка европска иднина и за заштита на правата на сите граѓани.

На 24ти гласаме за нашиот претседател Стево Пендаровски, за број 1, гласаме за единствениот европски кандидат кој ќе продолжи да го гради нашиот пат кон ЕУ и кој ќе се бори за нашето место во заедницата на земји посветени на мир и демократија.

Да ги зачуваме слободата и демократијата! Да не дозволиме изолација од демократскиот свет, да не се враќаме во мрачното минато! Со СДСМ и европската Коалиција граѓаните знаат што ги чека – европска иднина!

На 24ти започнува победата на европска Македонија!

На 8ми мај двојна ПОБЕДА на европска Македонија!🇲🇰

Треба да знаете
Последни објави