Search

Конференција за зелено инженерство и технологии за циркуларна економија

Конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија ќе се одржува денеска и утре на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“во Скопје. На конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествуваат претставници на науката, бизнис заедницата и на институциите од државата. Освен деканот на ТМФ, Стефан Кувенџиев и професори од Факултетот, на конференцијата ќе се обратат и претставници на ОКТА, Алкалоид, Реплек, УСЈЕ, Завар, Пакомак, Санда, Бионика и други компании.

 Во вторник од 11 до 13 часот ќе биде организиран студенски хакатон на тема „Зелени идеи за ревалоризација на био и индустриски отпадни материјали“, каде студентски тимови ќе презентираат различни студентски идеи.

Треба да знаете
Последни објави