Search

Ковачевски кон Албанците: Ова е и ваша земја, никој не може да ви ги земе правата, нема да се дозволи незадоволство да се претвори во насилство

„Гледаме дека веќе растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата иднина. Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ нашата европска иднина! Овие избори не се за бисквити и гурабии. Мене тоа воопшто не ми е смешно! Затоа што кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас,“ рече Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во Велес.

Тој ѝ порача на албанската заедница: ова е и ваша земја, никој не може да ви ги земе правата. Тие се запишани во Уставот. Но вие имате и одговорност. И ако се надевате дека некое незадоволство ќе се претвори во насилство, се лажете. Прво граѓаните нема да го дозволат тоа, никој здраворазумен нема да го дозволи тоа.

„Но, сакам да му порачам и на Мицкоски. Внимателно по патот кој сте го фатиле, затоа што и тој има последици. Секоја блокада на европскиот пат не е само стагнација, тоа е и враќање назад. Назад во 2001 година или којзнае каде. Нашето меѓунационално единство е сѐ уште кревко. Не може да си дозволиме кој било да си игра со него,“ порача Ковачевски.

Тој упати порака до сите граѓани без разлика од каде доаѓаат. Дека СДСМ отсекогаш била партија која покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на граѓаните и на државата зад една заедничка идеја. Зад идејата за европска иднина. Само СДСМ ја има таа моќ може да ги поврзе сите луѓе во државата, и само СДСМ го има клучот за подобра, безбедна и одговорна иднина.

Треба да знаете
Последни објави