Search

Андоновска: Ќе се залагаме во парламентот да се регулира статусот на училишните спортски клубови

Она за кое што ќе се залагаме во парламентот да се регулира статусот на училишните спортски клубови кои што се задолжителни спрема министерството за образование и наука, но се оставени сами на себе, изјави денеска носителот во Изборна eдиница бр.1 др.Добрила Андоновска од коалицијата „Храбро за Македонија.

-Училишните спортски клубови се многу битни за раниот раст и развој на нашите деца почнувајќи од предучилишната возраст од одделенската настава и предметната настава. Имено во сите училишта е потребно да постојат училишни спортски клубови меѓутоа никој нив не ги финансира.

Немаат ресурси, немаат опрема, оставени се самите на себе. Со следните законски измени ќе се залагаме да тие бидат вклопени и финансирани од буџетот на нашата држава – рече Андоновска.

Треба да знаете
Последни објави