Search

Дејвид Бекам ја изнесе на грб сопругата Викторија од роденденската забава

Викторија Бекам синоќа во Лондон на луда забава го прослави својот 50-ти роденден.

На роденденот на Викторија дојдоа многу нејзини познати и непознати пријатели, а на крајот од забавата Дејвид Бекам ја изнесе од клубот во кој се одржуваше забавата. Викторија има скршено стапало, но тоа не ја спречи да го прослави јубилејниот роденден и тоа во високи потпетици.

На забавата беа видени Ева Лонгорија, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони, Том Круз, поранешниот модел Џеки Ст. како и сите четвори колешки на Викторија од Спајс Грлс.

Британските медиуми пишуваат дека Викторија, Гери, Мел Би, Ема и Мел Си ги почестиле гостите со изведба на хитовите на Спајс Грлс, а и самата Викторија на Инстаграм сподели видео од нивниот настап кое го сними Дејвид Бекам.

Треба да знаете
Последни објави