Search

Бомбата пронајдена во Ниш од бомбардирањето на НАТО успешно отстранета и уништена

Од градилиштето во населбата Стеван Синѓелиќ во Ниш денеска успешно беше отстранета авионска бомба останата од бомбардирањето на НАТО. В.Д.. помошникот министер и началник на Секторот за вонредни состојби при МВР Лука Чаушиќ соопшти дека евакуираните граѓани, за време на отстарнувањето на бомбата, од оваа населба можат да се вратат во своите домови. Во меѓувреме, МВР излезе со ново соопштение во кое истакна дека воздушната бомба МК 84, тешка околу 1.000 килограми со експлозивно полнење од 430 килограми е безбедно уништена под контролирани услови во каменоломот во Гаџин Хан. Каменоломот се наоѓа веднаш до патот што води од село Сопотница до село Калетинац, а освен во тие села, според мештаните, експлозијата се слушнала и во десетина други села на падините на Сува Планина.

Треба да знаете
Последни објави