Search

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Трофејниот италијански фудбалски калчолигаш Јувентус десетина минути го делеа од ново разочарување во Серија А, сезонава. „Старата дама“ иако по еден час игра на гостувањето кај Каљари имааа негатива од два гола, на крајот извлекоа реми (2:2). Во првото полувреме, Каљари водеше со 2:0 благодарение на двата пенала кои во голови ги претворија Гаетано и Мина. Душан Влаховиќ со гол од слободен удар го разбуди гостинскиот тим, а Досена со автогол во финишот му обезбеди бод. Нерешениот резултат нема големо влијание врз пласманот на Јувентус бидејќи предноста во однос на конкурентите за пласман во Лигата на шампионите останува висока. Што се однесува до Каљари, тимот е без пораз веќе четири натпревари и со овој бод се оддалечи од екипите кои се во зоната за испаѓање.

Треба да знаете
Последни објави