Search

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите. ДКСК повторно расправаше по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова, откако Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. Приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување. –  Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130  слушатели, да ја стави во мирување до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во Парламентот и Владата, се вели во одлуката на ДКСК. Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“. Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа. Против одлуката гласала Софија Спасова Медарска која образложи дека според Уставот, судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од политичките процеси, како што е изборниот процес.

Треба да знаете
Последни објави