Search

Јовановски бара повторување на постапката за „Рекет“

Бојан Јовановски, шоуменот чија затворска казна за „Рекет“ е во прекин, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје побара да се расчисти случајот до крај.Боки 13 рече дека поднесува нови докази и ново вештачење од неговиот мобилен телефон. 

– Целиот случај „Рекет“ не е расчистен и на јавноста не и е јасно што се случувало. Барам повторно шанса да ја докажам својата невиност, рече Јовановски пред медиумите кои ги повика.

Тој алудираше на тоа дека не ги потрошил парите дадени од бизнисменот Јордан Камчев и дека, како што рече, поранешната обвинителка во случајот Вилма Русковска самата има наведено повеќе верзии за тоа каде завршиле 1,5-те милиони евра.

– Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не извитоперена и избрзана, да ја докажеме материјалната вистина и фактичката состојба – што навистина со слечувало во фамозниот „Рекет“, случај зад кој стоеше една цела констелација на политички притисоци, додаде Боки 13.

Во 2020-та Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Не се дозна каде заврпија 1,5-те милиони евра, а обвинителката Русковска рече дека нејзино лично убедување е дека поголемиот дел завршил кај Јовановски и Јанева.

Треба да знаете
Последни објави