Search

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија

Славјанка Петровска носител на листата во 6-та Изборна единица од коалицијата предводена од СДСМ од гласачите побара доверба и масовно да гласаат на парламентарните избори на 8 мај за листата во 6 ИЕ предводена од СДСМ оти како што посочи се работи за мултиетничка листа, и луѓе со интегритет.

„На оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети. Подготвени сме професионално, одговорно и посветено да ги исполниме сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во нашата програма за европска иднина“, изјави носителот на 6 ИЕ од коалицијата предводена од СДСМ Славјанка Петровска.

Ние нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра, додаде Петровска.

„И нема да се откажеме се додека не ги исправиме грешките кои сме ги направиле во изминатите 7 години, а се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси. Изминатите 7 години на власт СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможи придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња.А нашите заложби се јасни. Во новиот мандат ќе се бориме да обезбедиме повисоки плати и пензии, сериозно намалување на невработеноста, повеќе бенефиции за младите. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.

Таа пред пресс-конференција која ја оддржа пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, имаше брифинг со медиумските работници од Тетово.

Треба да знаете
Последни објави