Search

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

Најдобра превенција за здрав црн дроб е неговото секојдневно чистење.

Со помош на една голтка од овој напиток ќе заборавите на запек и проблеми со варењето.

Секое утро на празен стомак пијте по една лажица маслиново масло измешано со лажица сок од лимон. После тоа можете да уживате во појадокот.

Овој напиток можете да го подготвите многу лесно, бидејќи и двете состојки се вообичаени во секојдневна храна. По првиот месец ќе ги почувствувате промените. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе стане посвеж, а изгледот ќе се подмлади.

Цревата ќе работат како часовник, ќе заборавите на запек и дигестивни проблеми. Ќе се чувствувате здрави со многу повеќе енергија. Маслиновото масло, како ниеден друг производ, помага да се отворат каналите на црниот дроб и жолчното кесе. Жолчката е активна во процесот на варење и ја забрзува работата на вашите црева.

Истиот ефект врз варењето го има и лимонот. Корисните својства на лимонот се добро познати на сите. Прво, лимонот е одличен извор на витамин Ц. Второ, тој ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол и придонесува за чистење на црниот дроб.

Треба да знаете
Последни објави