Search

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

„Меѓу вас гледам толку многу лица кои се подготвени да отворат ново поглавје од славната историја на нашите граѓани во нашата заедничка земја”. Вака го започна говорот Бујар Османи, кандидатот за претседател од Европскиот фронт, вечерва пред кумановци.

„За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација. Ова е одлуката што треба да ја донесете со свои раце. Но, вашиот глас не е само еднократен избор. Туку е инвестиција за иднината. Инвестиција која ќе изгради ѕид против овој одмаздољубив национализам, кој може да се постави кај нас за неколку дена”, рече Османи.

Османи вети дека ќе се посвети на градење држава во која секое дете ќе може да сонува без граници.

Треба да знаете
Последни објави