Search

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Баерн Минхен го совлада Арсенал (1:0) во реваншот од четвртфиналето во фудбалската Лига на шампионите и им се придружи во полуфиналето на ПСЖ и Борусија Дортмунд, додека последниот патник ќе биде познат по „маратонот“ во Манчестер каде Сити и Реал Мадрид играат продолженија (1:1 во регуларниот дел). Бундеслигашот Баерн го скрши отпорот на Арсенал, во 63. минута со погодокот со удар со глава на Кимих. Во финишот од натпреварот, Арсенал направи притисок, создаде неколку шанси за гол, но не успеа да го совлада Ноер.

Треба да знаете
Последни објави