Search

Дончиќ најмлад прв НБА-стрелец во последните 12 години

Предводникот на НБА-лигаш Далас, словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница од најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Словенецот игра одлично сезонава и е во потесниот круг на кандидати за МВП признанието. Дончиќ во лигашкиот дел имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања. Со 25 годишна возраст, Дончиќ стана најмладиот добитник на награда за најдобар стрелец по Кевин Дурент, кој ја освои во сезоната 2011/12.

Треба да знаете
Последни објави