Search

Американците пријавија НБА-дрим тим за Игрите во Париз

Најголемите американски ѕвезди во кошаркарската НБА лига го потврдија својот настап на Олимписките игри во Париз, па репрезентацијата на САД повторно ќе бидат прв фаворит за освојување на „златото“ на ЛОИ. Познати се 11 од вкупно 12 кошаркари кои ќе настапат на Игрите, а последното место ќе биде пополнето дополнително. Тимот ќе го предводат Леброн Џејмс и Стеф Кари, а тука се уште: Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Жоел Ембид, Девин Букер, Џру Холидеј, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Ентони Дејвис и Бам Адебајо. Во првото коло на олимпискиот турнир Американците во групата Ц ќе се сретнат со Србија за која се уште е неизвесно дали ќе игра НБА-ѕвездата Никола Јокиќ. Натпреварот се игра на 28 јули.

Треба да знаете
Последни објави